Колку пати реално имате потреба да проверите нешто на телефонот и колку пати сте го извадиле од чантата само од навика? Губиме од времето со луѓето со кои сме, за да им пишуваме на луѓе кои се онлајн.
Ги пропуштаме кратките разговори со најблиските, кои имаат повеќе смисла од сите статуси кои некогаш ќе ги споделиме. Пријателите и најблиските не се 458 луѓе како што пишува на Фејсбук, тие се неколку и време е да ги оставиме телефоните и да бидеме со нив, онака како што навистина заслужуваат.
Го пропуштаме дури и растењето на нашите деца со непотребно скролање на екранот од телефонот. Нив не им е важно кој ни пишал, не им е важно дали ќе одговориме на сите мејлови од работа, не им е важно тоа што е таму, на екранот. Децата сакаат љубов и внимание, сакаат да им посветиме време.
Bright Side објави видео кое нема да ве остави рамнодушни.