Најдобриот атлетичар на сите времиња, Јусеин Болт, на тажен начин ја заврши својата блескава кариера. Болт не успеа да стигне до целта како дел од штафетата на Јамајка 4×100 метри.
Болт трчаша како последна измена во штафетата, кога ја прими палката од Јохан Блејк, се повреди на 50 метри од целта и со болна гримаса на лицето легна на тартанот.
Златото им припадна на Британците (Уџах, Џемили, Талбот, Мичел-Блејк) кои во целта имаа време 37,47 секунди, што преставува нов европски рекорд. Среброто им припадна на Американците 37,52 секунди, а бронзата ја освои Јапонија 38,04 секунди.
Инаку, Болт најбрзиот човек на сите времиња е светски рекордер на 100 и 200 метри, на делницата од 100 метри има три светски и осто толку олимписки златни медали, сопственик е на четири златни медали на светските првенства на 200 метри, а на оваа делница има три олимписки златни медали.
Со штафетата на Јамајка 4×100 метри два пати триумфорал на ОИ.