6 C
Skopje
сабота, јануари 18, 2025
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    АХВ бара оставка од Николовски

    Од Агенцијата за храна и ветеринарство повторно реагираат на обвинувањата од дополнителниот заменик-министер Љупчо Николовски, по затрувањето на неколку малолетници со енергетски пијалок, дека не се работи за труење и за небезбеден пијалок, туку за недозволена консумација од страна на малолетни лица и непочитување на означувањето на производот.

    nikolovski_sdsm

    Поради ова тие бараат и оставка од дополнителниот заменик-министер Николовски.

    „Се работи за недозволена употреба на енергетки пијалоци од страна на малолетни лица и токму затоа, одговорноста треба да се бара кај оние кои ваквиот пијалок го продале на децата. Го прашуваме Љупчо Николовски, дали доколку малолетни лица се затрујат од конумирање на алкохол, повторно според неговата логика и непознавањето на прописите, одговорноста ќе биде на Агенцијата или на некој друг? Повторуваме дека пијалакот кој само за Николовски е спорен е соодветно означен дека е забранет да се консумира од страна на лица помлади од 18 години, а овој факт, тој или не го знае или свесно го занамарува“, велат од АХВ.

    Лабораториските испитувања на пијалоците кои ги бара и сите факти, ќе му бидат презентирани на Николовски, додаваат од АХВ.

    „За сите дезинформации што ги шири во јавноста и со кои ги заплашува граѓаните без трошка морал и достоинство, Агенцијата за храна и ветеринарство бара оставка од неговата функција дополнителен заменик министер за земјоделство и напуштање на политичката сцена во Република Македонија“, се вели во реакцијата.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.