Поранешната најдобра тенисерка во светот Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг, германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, ноќта помеѓу саботата и неделата го добија своето прво дете.
Ивановиќ се породила во болницата во Чикаго, а честитки на среќните родители преку социјалните мрежи пристигнуваат од сите страни.
Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер во брак се од 2016 година.