Кинескиот интернет гигант Алибаба купи малцински удел во компанијата на легендарниот американски режисер Стивен Спилберг.
Компанијата во иднина ќе финансира и дистрибуира филмови за кинескиот, но и другите пазари.
Џек Ма, сопственикот на Алибаба, изјави дека ова поврзување ќе служи како мост меѓу САД и Кина.
Компанијата на Спилберг преку оваа соработка добива пристап до онлајн платформите на Алибаба. Финансиски детали за оваа зделка не се објавени.