Оваа чудотворна маска за лицето е во состојба за само неколку минути да ги избрише годините од лицето.
Веќе по првото нанесување ќе почувствувате импресивен ефект. Оваа маска ќе стане алтернатива на многубројни козметички третмани во салоните за убавина.
Покрај тоа што е економична, нејзиниот ефект е еквивалентен на прославениот ботокс. Маската е потполно природна, а кожата ја затега подобро и од ботокс.
За нејзина подготовка ќе ви биде потребно:
- 1 белка
- ½ лажица лимонов сок
- ½ лажичка кокосово масло
Подготовка: Земете јајце со средна големина и одделете ја белката од жолчката. Ставете ја белката во помал сад и изматете ја додека не добиете густа пена. Потоа додадете ги лимоновиот сок и кокосовото масло и повторно изматете. Маската се нанесува на чисто лице и се остава да стои 10 – 15 минути. Кога маската ќе се исуши измијте ја со топла вода или чај од камилица.
За постигнување на оптимален резултат, доволно е да се применува оваа маска 2 пати неделно.