6 C
Skopje
вторник, мај 13, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Обрнете внимание: Симптоми кои укажуваат дека сте имале тивок мозочен удар и наскоро следува друг

Мозочниот удар може да се случи секому. Во продолжение прочитајте ги симптомите кои се јавуваат после мозочен удар:

1. Проблеми со видот
Мозочниот удар може да предизвика двојна слика, замаглена слика или целосна загуба на видот на едното или двете очи. 44% од луѓето кои доживеале мозочен удар кажале дека губењето на видот е еден од позначајните симптоми.

2. Ненадејна главоболка и вртоглавица
Вртоглавицата е значаен знак за мозочен удар кај жените помлади од 45 години. Ако често ви се случува, побарајте медицинска помош.

3. Потешкотии со говорот
Еден од првите знаци за мозочен удар е неврзаниот говор. На почетокот се манифестира како збунетост за време и место, за подоцна да премине во целосно губење на способноста за зборување, што доведува до конфузија.

4. Слабост во екстремитетите
После мозочен удар, екстремитетите обично стануваат послаби, потешко е да се контролираат, или се целосно парализирани. Најчесто страда раката или ногата на спротивната страна на мозочната хемисфера која е зафатена со ударот.

Испружете ги двете раце со дланките свртени нагоре и држете ги во таа позиција 10 секунди. Доколку едната рака почне неконтролирано да ви паѓа, тоа покажува слабост на мускулите, што е знак на мозочен удар.

5. Парализа на лицето
Доколку не можете да ги контролирате мускулите на едната страна од лицето, речиси е сигурно дека сте имале мозочен удар.

6. Отежнато дишење и тахикардија
Отежнатото дишење и недостатокот од воздух се резултат на срцева аритмија. Иако почесто се појавуваат кај жените, ова се симптоми кои во никој случај не треба да се игнорираат.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.