ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Куќна помошничка останала заглавена во лифт цел викенд во луксузна зграда на Менхетен

Жена била спасена откако цел викенд останала заглавена во лиф. Педесетитригодишната Маритез Фортализа, која работела како куќна помошничка, влегла во лифтот во петокот вечерта во зградата на Менхетен, која е сопственост на банкарот Ворен Стивенс.

Пожарникарите биле повикани вчера утрото во 10 часот по локално време, по што веднаш го отвориле лифтот. Жената била заглавена меѓу вториот и третиот кат од куќата, која се ноаѓа во источниот дел од градот во близина на Централ парк.

Семејството, во чија куќа жената се заглавила, не било присутно за викендот. Фортализа работела во нивниот дом 18 години и била ценет член на нивното семејство, пренесуваат американските медиуми.

Жената сега се опоравува во болница. Според нејзиното семејство, таа била дехидрирана, но е во стабилна состојба.

Во тек е увид на местото на инцидентот и се истражува причината за несреќата.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.