Жена од Сиетл која тврди дека се опоравила од инфекцијата на новиот коронавирус има еден совет за сите останати – не паничете.
Елизабет Шнајдер (37) верува дека вирусот го „фатила“ на домашна забава, бидејќи неколку дена подоцна се разболеле повеќе нејзини пријатели кои биле присутни, и тоа во исто време како и таа. Три дена по забавата на 22 февруари Елизабет била на работа кога и се слошило.
– Чувствував умор, болка во целото тело, главоболка и блага грозница, па одлучив да одам дома – вели таа за Си-Ен-Ен. Кратко спиела, а кога се разбудила имала температура 38,3 степени Целзиусови, а кога повторно легнала истата се искачила на 39,4 степени.
– Мислев дека имам тежок грип – вели Елизабет.
Воопшто не ѝ паднало на памет дека тоа може да биде новиот коронавирус бидејќи симптомите не се вклопувале. Не кашлала и воопшто немала проблеми со дишењето. А тоа дознала дека десетина од нејзините пријатели кои биле на истата забава се разболеле истиот ден, во истото време, со многу слични симптоми. Сепак, таа и нејзните пријатели не се тестирани за коронавирусот. Лекарите мислеле дека станува збор за грип, а потоа резултатите за тестирањето за оваа болести биле негативни.
Целиот текст на овој ЛИНК