ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Зошто плачеш, мамо?

“Мамо, зошто плачеш?” – ја запрашало малото момче неговата мајка.
“Затоа што сум жена?” – му одговорила таа.
“Не разбирам” – љубопитно ја погледнало детето.

Неговата мајка само го прегрнала и рекла “И никогаш нема да разбереш.”

Подоцна го запрашало татка си: “Зошто мама плачеше без причина? ”

“Сите жени плачат без причина” –  рекол татко му и тоа било сè што успеал да каже.

Малото момче пораснало и станало маж, но сеуште се прашувал зошто жените плачат.

Конечно го прашал Господ: “Господи, зошто жените плачат толку лесно?

Господ одговорил:

“Кога ја создадов жената, таа мораше да биде посебна. И направив рамена доволно силни за да ја преземе тежината на целиот свет, а и покрај тоа доволно нежни за да даваат подршка. И дадов внатрешна сила да го издржи раѓањето на детете и исто така отфрлањето кое многу пати доаѓа од нејзините деца.

И дадов цврстина, која и овозможува да продолжува напред, кога другите се откажуваат и да се грижи за своето семејство, дури и при болест и исцрпеност, без да се жали.

И дадов чувствителност да ги сака своите деца без оглед на сè и покрај сите околности, дури и кога детето ќе го ранат многу.

И дадов моќ да му помогне на мажот до неа да ги надмине грешките и ја создадов од неговото ребро за да го заштити неговото срце.

И дадов мудрост за да знае дека добриот сопруг никогаш не би ја повредил својата жена, но повремено ја тестира нејзината сила и нејзината одлучност за да биде до него непоколебливо.

И конечно и дадов солза, под која да се засолни. Ова е нејзино единствено право, за да го користи секогаш кога има потреба.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.