ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Дали е можно да се живее во брак без ‘онаа работа‘ – Еве што велат психолозите, кои се трите уништувачи на страста

Сексот е дефинитивно една од најважните работи на секој брак или врска, но практиката покажува дека тоа е сè помалку така кај паровите, особено оние кои се заедно подолго време.

Обично, недостатокот на секс, велат психолозите, е сигнал дека многу нерешени проблеми се насобрале под тепих и дека рутинските и дневните обврски го превземале интимниот живот.

Голем број проблеми во врската, вклучително и недостаток на секс се појавуваат, кога врската се зема здраво за готово и се остава на случајноста. Митот за спонтаност често ги продлабочува овие проблеми. Ние веруваме дека поврзаноста, желбата, љубовта, оргазмот и страста ќе се случат сами од себе, што едноставно не е така – вели Лео Иванишевиќ, психолог.

Кога на луѓето ќе им го поставите прашањето: „Кога не сакате да имате секс “, најмногу одговори има како „кога не сум задоволен со моето тело, кога работам премногу, кога сум под стрес …“

Тројца убијци на страста:

1. Брак

Исто како нас, сексуалниот живот се менува за време на бракот. Бракот е првиот удар врз желбата, бидејќи „Како да го посакаме она што веќе го имаме?“. Она што е интересно е дека оваа желба се намалува побрзо кај жените отколку кај мажите.

2. Вториот убиец на желбата е доаѓањето на дете

Улогата на родителите е да бидат одговорни, да се грижат, да негуваат, да се образуваат и снабдуваат, што ја убива страста меѓу партнерите , за која што е потребна слобода, разиграност и независност.

3. Третиот убиец на страста е рутина

Брачните партнери генерално престануваат да се обидуваат. Нема повеќе заведување, нема повеќе игри, нема предигра, нема повеќе освојувања. Потребно е повеќе од „Децата спијат, нели?“ да ја разгори сексуалната желба. Предиграта не започнува 10 минути пред акцијата, предиграта започнува веднаш по последниот оргазам што го имавме. Предвидување, неизвесност и флерт се оние што ја градат желбата. Рутината ја убива страста.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.