Постојат многу поефикасни начини да се добие еден маж од оние само со облека или заводливо однесување.
Она што Ви е потребно е да ги сфатите овие 3 многу важни вистини. Вистини кои специјалистките во заведувањето како Клеопатра и Мерлин Монро ги познавале и применувале одлично.
1. Мажите се едноставни, но не и глупави. Односно, на нив брзо можете да им го одземете вниманието, но сложено е потоа да го задржите за себе. Затоа напорите треба да се насочени кон второто.
2. Мажите сакаат специјални жени. Како физички, така и духовно. Нема подобар начин да завладеете со машката желба од тоа да ги покажете своите предности и да сте сигурна во себе.
3. Мажите би дале сé за да бидат со жена, која ги тера да се чувствуваат како Мажи.
Од вас зависи дали ќе ги дознаете овие вистини за 1 минута или ќе ги учите со години. Но, ако пробате првото, уште денес ќе се радувате на нивната ефикасност. А за да успеете навистина за 5 минути да привлечете маж, во помош ќе ви дојдат и овие совети.
Издвојте се од толпата. Воспоставете контакт со очите. Одењето и начинот на кој седите треба да се грациозни.
Допирајте го често вратот или префрлувајте ја косата настрана. Чувајте го пијалокот во раката. Бидете уверени.
Покажувајте вистински интерес за она што ви го зборува. Натерајте го да поверува дека е посебен. Натерајте го да разбере дека и вие сте посебна.