По 21 години брак, мојата жена посака да однесам друга жена на вечера и во кино. Ми рече: “Те сакам, но знам дека и таа те сака и ќе се израдува исклучително да помине некое време со тебе!”
Другата жена која мојата сопруга сакаше да ја изведам беше мојата мајка, која беше вдовица веќе 19 години, но природата на мојата работа и моите три деца ми дозволуваа да ја посетувам само од време на време. Вечерта се јавив, за да и предложам да одиме во ресторан, а потоа на кино. “Што се случило, добро ли си?” – ме праша таа.
Мајка ми е таков тип на човек, за кој повик доцна во ноќта или изненадувачка посета е знак за лоши вести.”Мислев дека ќе биде прекрасно ако поминеме малку време заедно. Само двајцата “- реков јас. Таа се замисли за момент и рече: “Со најголемо задоволство!”
Овој петок, после работа, додека возев кон нејзиниот дом, за да ја земам бев малку нервозен. Кога пристигнав со изненадување открив дека таа исто така изгледаше малку загрижена. Ме чекаше ме пред вратата, облечена во палтото. Си ја средила косата и си облекла фустан кој го носеше кога ја прослави последната годишнина од свадбата.
“Им реков на пријателките дека ќе излегувам со својот син и тие сите беа импресионирани” – ми рече таа, додека се качуваше во колата. “Немаат трпение да им кажам како поминала нашата средба.”
Отидовме во ресторан кој иако не беше многу елегантен беше пријатен и удобен. Мајка ми ме фати под лактот, мислиш беше првата дама. Откако се сместивме на масата, требаше да и го прочитам менито. Видот беше отежнат и можеше да чита само ако има напишани многу големи букви. Бев до половина од менито кога го подигнав погледот за момент и видов како мама седи од другата страна и со очи непрестано гледаше во мене. Нејзините усни беа растегнати во носталгична насмевка. “Јас бев таа што ти го читаше менито кога беше мал” – рече таа. Јас одговорив: “Значи време е да се опуштиш на столот, да си ги ослободиш мислите и да ми дозволиш да ти ја вратам услугата!”
За време на вечерата водевме пријатен разговор. Се за вообичаени работи, како и влијаат сите случки и поважни моменти кои ни случиле неодамна. Зборувавме толку долго што таа си го испушти филмот. Кога ја оставав пред нејзината куќа, таа ми рече: “Ќе излезам со тебе повторно, но само ако ме оставиш сега јас да те поканам.” – реков дека јас се согласувам.
“Како беше состанокот?” – ме праша мојата сопруга, откако се вратив. “Многу добро. Се чувствував доста пријатно, повеќе отколку што замислував “- одговорив јас.
Неколку дена подоцна, мајка ми почина од масивен срцев удар! Тоа се случи толку ненадејно што немаше можност да го направи она што ми го вети и беше важно за неа. Неколку дена подоцна добив писмо, во кое имаше копија на платена сметка за во ресторан – истиот оној ресторан во кој вечеравме со неа. Во писмото имаше и белешка на која пишуваше: ” ја платив оваа сметка однапред! Не бев сигурна дали ќе можам да дојдам, но и покрај тоа, јас платив две порции: една за тебе и една за жена ти! Никогаш нема да разбереш што значеше таа ноќ за мене! ТЕ САКАМ сине мој!
Во овој момент, јас ја разбрав важноста на тоа да им кажуваш понекогаш ТЕ САКАМ и да им посветиш малку време на своите ближни на луѓето кое твоето време најмногу го заслужуваат!
Ништо во животот не е поважно од семејството! Дај им го времето што го заслужуваат, бидејќи тоа се тие работи што не можат да бидат “оставени за некој друг пат!