Писмо на австралиската новинарка Леа Картер до мајка и, откако и таа самата веќе има ќерка

“Драга мамо,

Знам дека поминаа цели пет часа откако разговаравме по телефон, но како си? Научи ли веќе да користиш Facebook? А интерпункцијата во текстуални пораки како ти оди? Колку непознати ја погледнаа сликата на моето бебе во последните пет минути?

Секогаш бевме најдобри пријателки, ти и јас. Секој ден разговаравме по телефон. Но сега, кога и јас имам ќерка, а ти стана баба, постојат неколку важни работи кои би сакала да ти ги кажам…

Прво, ти благодарам.

  • Ти благодарам што ми го бришеше задникот илјади пати на ден, и што овие чудни бои и остри мириси од моите пелени си ги гледала со нежност, наместо со ужас.
  • Ти благодарам за сите жртви кои си ги правела заради мене.Знам дека си одложувала многу работи кои биле важни за тебе, за да бидеш со мене во секој момент кога сум имала потреба од тебе. Навистина го ценам тоа.
  • Ти благодарам што ме ставаш на прво место, секогаш дури и денес.
  • Ти благодарам што сеуште ме заштитуваш.Сега сфаќам дека и самата помисла нешто лошо да се случи со мене би била доволна за да те расплаче и да ти предизвика грчеви во стомакот.
  • Ти благодарам што безусловно ме сакаш.
  • Ти благодарам што ми влеваш уверување дека можам да постигнам сè што замислам.Ме научи дека нема лесен начин и дека мојата вредност е многу повеќе од тоа како изгледам или што облека носам.
  • Ти благодарам што си добар пример.Ти си силна, страсна, љубезна и дарежлива жена и јас сакам да бидам како тебе!
  • И ти благодарам што никогаш не ми ги ставаше овие смешни панделки за коса, кога бев мала.Пред да се роди ќерка ми, купив неколку и сега сфаќам дека навистина изгледаат глупаво.

Второ, жалам.

  • Жал ми е за секој пат кога сум ти кажала некои лоши работи.Сега можам да замислам колку те болат.
  • Жал ми е што не ти поверував, кога ми кажа дека да се возам во автомобил со младинци во гимназијата е лоша идеја.Сегацелосно се согласувам со тоа.
  • Жал ми е што сум те мачела, со будењето многу пати во текот на ноќта.Лишувањето од сон е вистинско мачење, нели?
  • Исто така жалам што не сакав да станам од креветот како тинејџер.
  • Жалам што се жалев, бидејќи немам брат или сестра.Сега знам зошто не си имала и друго дете.
  • Разбирам дека е тешко да се биде родител, дека тоа доаѓа секогаш природно, дека треба секој ден да работиме да бидеме добри родители.Знам дека некогаш си била уплашена, збунета, под стрес и премногу уморна. Ти благодарам што мислиш дека јас тогаш сум била вредна за секој твој труд.

И конечно, ти честитам

  • Честитки за тоа дека ја работиш најтешката работа на светот во последните 27 години.Покажа бескрајно трпение, бескомпромисна посветеност и огромна, вистинска љубов.

Ти си неверојатна. Тоа е нешто што би требало да ти го кажувам почесто.

Со љубов,
Твојата ќерка “