Моето чувство на сигурност е загубено. Ве молам, немојте да кажете дека ке закрепнам, ве молам немојте да претпоставите дека мојот живот ќе биде каков што беше додека бевте заедно, и дека ќе продолжам да ја чувствувам истата љубов од вас двајцата.
Драги Мама и Тато,
Знам дека патите, но патам и јас. Чувствувам тензија на шок и страв. Иако сум мал и не сум во можност вербално да искажам што се случува во нашите животи, сепак ги чувствувам последиците.
Моето срце се крши, секој пат кога морам да се откажам од еден родител. Моето чувство на сигурност е загубено. Ве молам, немојте да кажете дека ќе закрепнам, ве молам немојте да претпоставите дека мојот живот ќе биде каков што беше додека бевте заедно, и дека ќе продолжам да ја чувствувам истата љубов од вас двајцата. И јас сум човек како и вие. Моите потреби се истите како и вашите. Јас имам потреба од љубов , внимание, грижа, стабилност, постојаност, разбирање, трпение и највеќе од се да бидам посакуван. Кога вие се карате поради мене, или кога ме поставувате во центарот на вашите проблеми, ми испраќате порака дека бранењето на вашите ставови ви е поважно од мојот живот. Јас учам од вас дека е поважно да бидете во право, отколку да бидете сакан. Ме учите дека потекнувам од личности кои се неспособни да сакаат и дека згрешиле, што ме тера да мислам дека и јас сум уште една ваша грешка.
Кога се карате, мене ме боли и ми создавате тешка болка која се таложи во моето срце, која ми го краде моето детство. Вие ја земате мојата вербата дека љубовта е безусловна и ја заменувате со порака која вели дека треба да бидам строг и да не сакам, бидејки ќе бидам повреден и нема да бидам во можност да заздравам.
Можеби ова нема да го разберете денес, јас сум уште мал и вие не размислувате за мојата иднина, но вие ме изложувате на голем ризик, ја ризикувате мојата сигурност за да пополните празнина во вашите срца. Мојата сигурност е ваша задача! Без вас и вашата заштита јас сум оставен сам на себе во светот. Ова ќе се манифестира во ирационални стравови, бидејки ќе бидам во состојба на борба за сигурност во поголемиот дел од мојот живот.
Се надевам еден ден овој почетнички шок ќе избледее, но тоа како одлучивте да ме вклучите во оваа криза никогаш нема да избледее. Јас, или ќе го чувствувам стравот од вашата себичност, или ќе имам лузна на срцето која ќе гласи: Добрите работи се случуваат на добрите луѓе. Јас мора да сум лош!
Искрено ваш,
Дете на разведени родители