ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

(Видео) Поради непромислена егзибиција на крузер, доживотно му се забранети крстарења

Исклучително опасна акробација на група туристи ќе заврши на суд, пренесуваат светските медиуми.

Имено, компанијата „Ројал Карибијан“ сака да поднесе тужба против група туристи кои го снимале својот пријател како скока од 11-тиот кат на бродот во морето.

По оваа егзибиција, која, за среќа, минала без последици, капетанот ги исфрлил несовесните туристи од бродот, а потоа компанијата ги ставила на црна листа, што значи дека до крајот на животот им е забрането крстарење со „Ројал Карибијан“.

Дваесет и седумгодишниот Ник Најдев во морето скокнал од височина од 30 метри, додека бродот бил закотвен на Бахамите. Неговите пријатели го снимиле, а потоа видеото го споделиле на социјалните мрежи.

Видеото за кратко време доби многу прегледи и го привлече вниманието на светската јавност, но повлече и голем број на критики.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.