Победник на натпреварот за бесплатен билет за т.н. „Секс исланд холидеј“ е 16-годишниот девец Брајан. Тоа е контроверзен настан кој трае четири дена на карипски остров, а на мажот што ќе купи билет од 4600 фунти му гарантира неограничен секс со најмалку две девојки.
Во овој случај, компанијата која стои зад сето ова организираше натпревар и гарантираше дека на победникот ќе му ги покрие сите трошоци.
Среќникот Брајан по потекло е од Чиле, живее со своите родители во Њујорк, а за да учествува на натпреварот, тој ги користел податоците од кредитната картичка на својот татко без да му каже.
Тој, исто така, вели дека родителите биле лути на него кога им кажал што прави, но неговиот татко на крајот попуштил. Иако неговата мајка и понатаму се противи, Брајан во вторникот отпатува за Тринидад и Тобаго, пишува „Сан“.
Таму, заедно со уште 50 мажи кои платија пат и билети, ќе биде со многу девојки на луксузен брод.
Мајката на Брајан не разговара со него откако ѝ кажа дека добил билет за „Секс исланд“. Таткото сакаше да оди со него, но организаторите не му дозволија.
Стоматологот Рајан од Њујорк, кој неодамна уживаше на „Секс исланд“, тврди дека секој маж може да избере две девојки кои се со него цело време и ги исполнуваат сите негови сексуални желби. Тој, исто така, тврди дека дрогите се бесплатни за сите и дека е дозволено да учествуваат во групен секс со 15 девојки за еден час.