Без разлика дали зголемениот сексуален апетит може да се смета за психолошко растројство или не, постојат одредени карактеристики кои се заеднички за сите оние кои покажуваат знаци на зависност од сексот.
Еве 6 знаци кои можат да покажат еден сериозен проблем:
Секс за смирување
Некои луѓе гледаат на сексот единствено како начин за смирување кој го подобрува секојдневниот живот. Ако единствениот начин да бидете среќни е сексуалниот чин и емоциите кои тој Ви ги предизвикува, тогаш треба да престанете и да размислувате подобро за вашата љубовна врска и начинот на кој таа функционира.
Служи како оружје
Кога сексот ќе се претвори во алатка за одмазда или израмнување на сметките со партнерот, тоа е еден од главните знаци дека вие не гледате на оваа активност како задоволство, туку само како еден вид оружје што ви помага да ги остварите своите цели.
Како средство за будење на емоции
Сексот може да биде и единствениот начин за одредени индивидуи да се чувствуваат живи. Тоа им помага да ги доживеат емоциите кои се сосема нормални. Станува збор за зависност од страст, при што барењето на нов сексуален партнер е искуство кое се споредува со најголемите успеси во животот.
Таен сексуален живот
Ако не ги споделувате сексуалните искуства дури и со најблиските луѓе, тогаш најверојатно се срамите од она што ве возбудува и се плашите од презир. Со текот на времето оваа тајна ќе почне да станува се поголема и потешка што доведува до многу негативно влијание на расположението.
Барање на платени интимни услуги
Ако барате сексуални услуги , тогаш ова не е само нелегално, туку можеби и најголемиот знак дека во вас се развива зависност од секс.
Страст кон ризикот
За некои личности нема ништо посекси и повозбудливо од преземањето на ризици кои доаѓаат во форма на неверство, секс со непозната личност, односи без соодветна заштита и дури намерно зголемување на шансите за бременост.