Британско истражување откри кои се трите работи кои ги возбудуваат најмногу жените и мажите во кревет.
Истражувањето е спроведено меѓу 1.000 лица и покажува дека жените најмногу ги пали фактот што ќе симнат килограми, ќе имаат парична добивка или ќе имаат секс на сатенска постелнина.
Мажите пак се најмногу склони за забава во спалната после бурна ноќ надвор со пријателите, но ги предизвикуваат и свежи и мирисни чаршафи и топла када.
Анкетата покажува дека 60% од жените сакаат да имаат секс за парична добивка.
А над половина од претставниците на посилниот пол (52%) изјавиле дека после бурна ноќ со пријателите сакаат дома да ги пречека партнерката во секси издание.
Психологот Трејси Кокс, експерт за врски и за говорот на телото, вели дека профитот и кај двата пола го покачува адреналинот, што ги прави луѓето повозбудени.
Од денешна гледна точка човек, кој се натпреварува и заработува, постигнува повисок социјален статус, обично има повеќе пари, привлекува повеќе партнери и се радува на повисока позиција во хиерархијата на општеството , а следствено на тоа и сексуалниот живот му е поисполнет.