Ако мажите можеа да ги диктираат сите правила во една љубовна врска , тогаш таа би изгледала вака:
1 . Сабота е меѓународен ден на спортот. И јас секој пат го празнувам!
2 . Кога сме сами дома, на тебе ти е забрането да носиш облека . И ќе имаме секс секогаш кога ќе посакам .
3 . Ако мислиш дека си дебела , најверојатно навистина си ! Не можеш да ме занимаваш со слични глупости на секои 5 минути.
4 . Дозволено ти се два пара чевли годишно. Едноставно, за да не одиш боса . Сеедно ми е дали добро се комбинираат со чантите и твојата облека.
5 . Градите се создадени за гледање! И јас ќе ги гледам, без разлика дали се твои.
6 . ” Да” и “Не” се доволно исцрпни одговори на речиси сите прашања.
7 . Мојата облека е апсолутно соодветна ! Забрането ти е да даваш мислење , уште повеќе да ме караш да ја менувам!
8 . Ако нешто сум те навредил, ти одиш да спиеш во другата соба . Мојот сон е свет!
9 . Сите задолженија се твоја обврска. Тоа е затоа што те сакам и знам дека ти е пријатно да се грижиш за мене. Прифати го како подарок за пет годишнини унапред ! Ако не изнесат толку , значи си ми должник …
10 . Ако те прашам што ти е, и ти одговориш : ” ништо “, значи навистина нема ништо !
11 . Да излегувам со пријателите е мое ексклузивно право. Како и одлуката кога да се вратам дома.
12 . Не сум должен да се сеќавам на сè. За разлика од тебе! Ако заборавам важен датум , вината е твоја, бидејќи не си ми потсетила.
13 . Правилата не се предмет на дискусија и промени. Ако нешто не ти се допаѓа , можеш да си заминеш. Само пред тоа зготви нешто вкусно за вечера.