Организаторите на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг сакаат спортистите да се чувствуваат добредојдено во Јужна Кореја на секој можен начин обезбедувајќи им рекорден број кондоми.

Во текот на 16-те олимписки дена ќе бидат поделени 110.000 кондоми, 10 илјади повеќе од Ванкувер 2010 и Сочи 2014. Бидејќи зимскиот спектакл е многу помалоброен од летната олимпијада и има само 2.925 пријавени спортисти, за секој ќе има во просек по 37,6 отсто. Сепак, кондомите нема да бидат достапни само за спортистите.

„Корпите со кондоми ќе бидат распределени во машките и женските тоалети во олимписките села во Пјонгчанг и Гангнеунг, во просториите за новинарите, како и во медицинските центри“, објавија организаторите.