6 C
Skopje
четврток, април 18, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Чудо од храна: Д-р Емир Солаковиќ објасни зошто два пати неделно треба да јадеме грав

    Доктор Емир Солаковиќ кој стана познат и ценет во целиот регион поради своите совети за здравиот начин на живот, во последната објава на социјалната мрежа Фејсбук, каде е многу активен, откри дека гравот е супер храна и дека би требало да се јаде два пати неделно.

    „Едноставно кажано, гравот е супер храна. Кафеавиот, шарениот или црвениот грав е еден од најдобрите растителни извори на протеини, сиромашен со  калории, масти и натриум. Со сушењето зрното не ги губи своите хранливи состојки. Цели на најмалку два оброка грав неделно.

    Мешунките се најдобар и најголем извор на протеини во исхраната, а во оброк со тесатенини или ориз имаат висококвалитетен состав на протеини, кој може да се спореди со месо или млечни производи, па доколку сакаш да го исфрлиш црвеното месо од исхраната, замени го таквиот оброк.

    Причината за тоа е составот на аминокиселините. Мешунките содржат големи количини на аминокиселини кој го нема во житарките, а сиромашни се со метеионин, триптофан и цистеин, со кој изобилуваат житарките“, објасни д-р Солаковиќ.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.