Чајот е народен лек за лекување на ревматизам, ревматоиден артритис и гихт, може да се пие помешан со коприва и листови од црна рибизла.

Брезата е симбол за руското пространство, а илјадници години се користи во народната медицина. Таа е проверен билен лек за уринарните инфекции, народен еликсир за камен во бубрезите и ревматизам. Во раната пролет се собира и сокот кој се добива со бушење на дрвото.

Чајот од бреза е омилениот народен лек за лекување на ревматизам, ревматоиден артритис и гихт. Може да се пие и помешан со коприва и листови од црна рибизла. Силниот чај од брезовиот лист се користи и како лонсион против првут и опаѓање на косата.

Со кората од бреза и катранот народот лекува брадавици, егзем и псоријаза. Истражувањето на бетулинската киселина од брезата покажало дека таа делува дури и на ХИВ. Лицата кои страдаат од срцеви тешкотии и кои се алергични на аспирин и полен не треба да употребуваат бреза. Не се препорачува ниту на трудниците.

Рецепт за чај:

Две супени лажици од млад брезов лист прелијте ги со половина литар ладна вода и ставете ги во сад на оган. Кога ќе зовријат, варете две минути, отстранете го садот од оган и покриен оставете го да отстои половина час. Кога ќе се процеди на врв од лажица може да додадете и сода бикарбона. Во текот на денот постојано се пијат мали голтки.

Извор: Denar.mk