Европската Унија е „сосема сигурна“ дека Македонија ќе го реши долгогодишниот спор за името со Грција пред јули, изјави во Софија еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.

Прашан дали спорот ќе биде решен до крајот на бугарското претседателство, што истекува во јуни, Хан одговори дека е „сосема сигурен во тоа“.

Тој денеска во Софија учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ и државите кандидати.