ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ФОТО: Живко од Кавадарци за 70 денари си доби JEEP COMPASS

Инстант лозот БИДИ ВИП – ВОЗИ ЏИП израдува уште еден добитник и уште еден Кавадарчанец, кој својот нов автомобил ќе го вози низ улиците на Кавадарци.

Живко Арсов од Кавадарци за прв пат решил да гребе инстант лозови и од продажното место Браво Нутс , кое се наоѓа во Кавадарци во близина на Мостот, купил три инстанти БИДИ ВИП – ВОЗИ ЏИП. Третиот лоз му донел и три исти симболи на автомобил, кој му донесоа JEEP COMPASS.

Живко, воопшто не можел да поверува на својата почетничка среќа, но од тогаш секој ден купува по неколку инстант лозови и ја очекува својата следна добивка. Следна цел му е седумката во НовоЛото 7/34 , која во моментов изнесува над  15 милиони денари.

И денес, на денот кога ги зема клучевите од својот нов автомобил, на продажното место на Државна лотарија на Македонија повторно купи неколку инстанти и ни порача дека и понатаму е во потргага по среќата и добивките.

Инаку инстант лозот БИДИ ВИП- ВОЗИ ЏИП во продажба е од 01.11.2018 година и како главна добивка нуди 10 автомобили JEEP COMPASS. Во игра се уште вакви автомобили , но и многу парични добивки, па не пропуштајте ја шансата за само 60 денари да возите нов ЈЕЕР COMPASS.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.