ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Страотна сообраќајка во Скопје: Загина македонската кошаркарска легенда

Синоќа во страотна сообраќајка во населбата Кисела Вода животот го загуби македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски – Буштур, роден на 15 октомври 1950 во Скопје.

Првичните информации се дека Буштур изгубил контрола на возилото поради лизгавиот коловоз и удрил во бетонската жардињера која се простира на средината на коловозот на булеварот Србија.

Благоја својата кариера ја поминал во Работнички, клуб кој се натпреварувал во Првата југословенска кошаркарска лига. Со Работнички во сезоната 1975/76, Благоја стигнал до полуфиналето на Купот на победниците на куповите.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.