Највисокиот човек во светот, Турчинот Султан Косен, во петокот во Египет се сретна со неговата спротивност – најниската жена во светот, Индијката Јоти Амге.

Косен, кој е висок 251 сантиметар и Амге која е висока само 60 сантиметри се фотографираа со пирамидите во Египет каде што престојувале на покана на египетскиот одбор за промоција на туризмот и учествувале на конференција во Каиро.

Косен и Амге од 2011 година се носители на Гинисови рекорди и оттогаш немаат конкуренција. 35-годишниот Косен ја презеде титулата од Кинезот Си Шун, чија висина изнесува 233 сантиметри и кој е сопственик на најдолгите раце во светот.

Амге е впишана во Гинисовата книга на рекорди во 2011 година кога имала 18 години. Таа се занимава со глума и водителство.