1. Прескокнување на срцето

Кофеинот е стимуланс кој делува на централниот нервен систем и може да ги забрза срцевите отчукувања. Луѓето кои внесуваат премногу кофеин почнуваат да чувствуваат прескокнувања на срцето.

2. Нервоза и тресење

Тресење, немир, нервоза – вака изгледа овој симптом предизвикан од прекумерна конзумација на кафето. Кофеинот може да активира или да ослободи некои хормони како адреналинот, кој кај човекот го елиминира чувството на умор, но може да предизвика и нервоза.

3. Често одење во тоалет

Кофеинот е слаб диуретик и може да поттикне почесто уринирање. Ова е повеќе непријатен отколку страшен проблем, но тоа може да значи дека хранливите материи не се апсорбираат во организмот како што треба, бидејќи течноста низ телото поминува премногу брзо.

4. Болки во стомакот

Кофеинот може да го стимулира гастроинтестиналниот тракт, што може да предизвика нервоза, мачнина, па дури и дијареа. Повторно, ова може да биде доста непријатен проблем.

5. Анксиозност

Ако кафето, вашата утринска радост ве прави анксиозни и нервозни наместо смирени и свежи, можеби е време да престанете да пиете кафе и да почнете да пиете чај. Симптомите на анксиозност можат да се влошат ако претерувате со внесување кофеин во вашето тело.

6. Мачнина

Високото ниво на киселини во кафето кај некои луѓе може да предизвика мачнина и проблеми со варењето на храната. Посетете го својот доктор и намалете го бројот на кафиња во денот, па видете дали состојбата се подобрила.

7. Несоница

Кафето може да нѐ расони, но и да нѐ оддалечи од потребниот сон. Кофеинот циркулира низ нашето тело и после неколку часа од конзумацијата и може влијае на бесконечните превртувања во кревет и беспомошните обиди да заспиеме. Немој да пиете кафе пред легнување и обидете се да го смирите организмот со шолја чај од камилица.