6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Сам во празна амбуланта успеал да се спаси од сигурна смрт

    Целосно сам во мала здравствена установа во изолиран дел од Австралија 44-годишен медицински техничар почувствувал дека има срцев удар и тргнал во акција. Неверојатно присебен, тој успеал да избегне сигурна смрт, објавија локалните медиуми.

    Болничарот, чие име не било објавено поради зашита на приватноста, почувствувал тешка болка во градите додека сам бил на работа во амбулантата во Корал Беј, на околу илјада километри оддалеченост од Перт.

    Инаку, во амбулантите во оддалечените делови од Австралија медицинските сестри и техничари се обучени да обезбедат основна медицинска помош. Бидејќи другиот најблизок медицински објект се наоѓал на околу 150 километри оддалеченост, а во билизина немало некој што би му помогнал, човекот сам се приклучил на електрокардиограмот (ЕКГ) и според наодите сфатил дека поради згрутчување, минува низ срцев удар.

    Резултатите му ги испратил на дежурниот лекар преку итната телемедицинска врска, а еден од нив разговарал со него и го советувал што да прави. Во своето тело инјектирал аспирин, аналгетик, антикоагулант (лек за разредување на крвта) и лек за ослободување од згрутчувањето. Се покажало дека лековите дејствувале и опасноста од удар исчезнала.

    Следниот ден тој со авион бил пренесен во кардиолошка клиника во Перт, каде што му бил вграден стент во коронарната артерија. Два дена подоцна бил пуштен на домашно лекување.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.