Играчот на Манчестер Јунајтед Маруан Фелаини се повреди на вчерашниот дуел БиХ-Белгија во Сараево, поради што се соочува со подолга пауза.

Фелаини го напушти теренот на стадионот „Грбавица“ во првото полувреме, поради повреда на лигаментите на коленото.

„Сите сме згрижени поради Фелаини. Повредата е загрижувачка. Стравуваме дека се здобил со потешка повреда на лигаментите на левото колено“, стои во соопштението на Фудбалскиот Сојуз на Белгија.

Играчот на Манчестер Јунајтед, во текот на неделата имаше проблеми со Ахиловата тетива, но сепак настапи на вчерашниот натпревар по исклучително лошиот терен на „Грбавица“. Селекторот Роберто Мартинез го стави Фелаини во стартниот состав, иако Белгија и пред овој меч имаше обезбедено пласман на СП во Русија.

Сега се чека реакцијата на Жозе Мурињо, кај кого Фелаини има значајна улога во Манчестер Јунајтед оваа сезона. Одо почетокот ан сезоната Фелаини има постигнато четири гола за Јунајтед.