6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Овој пијалок спасил милиони животи: Се подготвува едноставно со цвет кој расте нашироко во Македонија

    Овој прекрасен цвет содржи вистинска ризница на витамини А, Ц, Б3, Д и Е. Ливчиња се богати со есенцијални масла, тијанин, шеќер, лимонска и винска киселина.

    Сирупот од роза е одличен за одржување на здравото срце и нерви. Ја прочистува крвта, ја смирува тензијата, а освен тоа е одличен за болки во грлото, ревматизам, жолтица, за чистење на црниот дроб, во случаи на вртоглавица, главоболки и нарушена цревна флора.

    Се препорачува за сите респираторни заболувања и за зачувување на белите дробови. Исто така, успешно ги ублажува менструалните проблеми.

    Можете да направите сируп и чај од ливчиња од роза.
    Подготовка: Отстранете ги ливчињата, исчистете ги од инсекти и оставете ги да се исушат 7 дена. За да зачувате доволно свежина и квалитет, чувајте ги во цврсто затворено пакување на темно и суво место. Стаклени или лимени кутии се најдобри.

    Подготовка на сируп: Истурете 2 грст ливчиња со 500 мл врела вода и оставете да отстојат 24 часа. Потоа исцедете и гответе со 250 гр шеќер. Кон крајот, додадете го сокот од еден лимон и варете уште 5 минути.

    Се препорачува да се користат до 4 супени лажици на ден.

    Подготовка на чај: За да го подготвите чајот, ставете 2 лажици сушени ливчиња во 300 мл врела вода и оставете ги покриени до 10 минути. Потоа исцедете и пијалокот е подготвен за употреба.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.