6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Ова девојче се роди без раце, но умее прекрасно да се храни, црта и да мие садови

    Херојот на денешната историја е девојчето Василена, која се научила да ги врши домашните задачи без помош на раце.

    Девојчето се родило со ретка патологија, но во исто време има огромна желба, смелост и решителност. Веднаш по нејзиното раѓање мајката се откажала од неа и таа била испратена во дом за деца без родители. Но за месец дена била посвоена од прекрасна двојка од Москва – Елмира и Крис Кнуценсов.

    По само година и половина Василина веќе перфектно се служи со прибори за хранење и може да си игра самостојно.

    Освен девојчето, во семејството таа има две поголеми братчиња, со помош на кои бебето научило да извршувам многу задачи во домот како другите.

    По нивната сватба , младиот брачен пар решил дека сака да помага на деца кои имаат потреба и само година дена откога нивниот прв син наполнил 1 година, тие го посвоиле првото момче. “Знаевме дека тој нема никакви шанси да биде посвоен, беше на 7 години, а нивото на развој му беше како на 3-4 годишно дете.

    Тој нема ниту раце, ниту нога, неразвиен говор и воопшто неможел да се грижи за себе. ” вели храбрата мајка. Денес тој има протези на нозете, и може да се грижи сам за себе, дури посетува училиште без проблем.

    Како што вели тој, најомилен предмет во училиште му е физичко.

    Еднаш малата Василена ме праша, раскажува мајката: Мамо, нели никогаш нема да ме оставиш? Во вакви моменти ја осознаваме смислата на животот. На што да го потрошам моето време, сила и пари? Можеби во срцето има место за дете, кое никој нема да го погледеме и да го земе во свои раце, додава таа.

    Василена умее да се храни, да црта и практично да прави се со своите две нозе. Елмира направила видео, кое покажува како нејзината ќерка јаде сама и помага дома. На сите фотографии и видеа девојчето е насмеано, а тоа зборува многу за животот на ова дете!

    Браво за храбрите родители кои дале нов живот не само на едно а на две дечиња со пречки во развојот!

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.