6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Оваа држава ќе дели по 1.200 евра на своите граѓани, има само еден едноставен услов, да се над 18 години и

    Во последните неколку години, голем број европски земји тестираа воведување на безусловен основен приход. Најновиот пример во оваа насока дојде од Шпанија.

    По избувнувањето на кризата како резултат на ковид кризата, Мадрид најави дека прво ќе започне со исплата на таканаречената цивилна плата на најпогодените. Сега најголемата економија на Стариот континент се подготвува да воведе основен приход како дел од истражување.

    Иницијативата е на Германскиот институт за економски истражувања и на здружението „Мајн Грунденкомен“. Предвидува 120 луѓе да добиваат 1.200 евра месечно за период од три години целосно безусловно. Единствен услов е да имаат над 18 години и да живеат постојано во земјата.

    За учесниците не е важно дали и што работат, како и колкав е нивниот приход.

    Луѓето кои би сакале да се приклучат на иницијативата можеле да се пријават од 18 август до 10 ноември минатата година.

    Исплатата на првата транша од граѓанската плата започна во 2021 година. За време на трите години од истражувањето, учесниците ќе треба периодично да пополнуваат прашалници преку Интернет во врска со нивното вработување, слободното време, навиките на потрошувачите и многу повеќе.

    Средствата за иницијативата не се обезбедени од државата, туку од вкупно над 141 илјади приватни донатори.

    „Ние сакаме да разбереме како безусловниот основен приход ги менува луѓето и општеството. Ние сакаме да знаеме како тоа влијае на однесувањето и ставовите и дали може да помогне во справувањето со тековните предизвици со кои се соочува општеството “, објаснува Махаел Бомајер од Mein Grundenkommen.

    „Студијата треба да ни даде информации дали ефектот на основниот приход произлегува од достапноста на повеќе средства или од неговото безусловно обезбедување.

    За повеќето луѓе, овој приход не значи повеќе пари, туку поголема сигурност. Ние сакаме да знаеме дали тоа може да го направи општеството поотпорно на кризи “, додаде тој.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.