6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Научниците го објаснија женскиот оргазам

    На прашањето што е женскиот оргазам, американските научници велат дека некогаш имал важна улога во поттикнувањето на овулацијата кај човековите древни предци, пред да ја загуби таа функција и да остане само извор на уживање, се наведува во студијата објавена во списанието Journal of Experimental Zoology-Molecular and Developmental Evolution.

    seks_dvojka

    Уште од антиката, почнувајќи од Аристотел, женскиот оргазам ги интригирал научниците, да се обидат, досега безуспешно, да ја објаснат неговата улога. Ги збунуваше тоа што жените можат да зачнат без да чувствуваат ништо, додека кај мажите оргазмот е неопходен за ејакулација и пренос на семето.

    За да го сфатат потеклото на женскиот оргазам, еволуцискиот биолог Гинтер Вагнер од универзитетот Јејл и Михаела Павличев од детската болница во Синсинати три месеца го проучувале лачењето на пролактин и окситоцин во крвотокот, што е пропратна појава на женскиот оргазам.

    Заклучиле дека во еволуцискиот период лачењето на тие хормони имало важна улога во рефлексната овулација кај женските цицачи, појаснува Вагнер. Меѓутоа, подоцна цицачите развиле циклична овулација со што оргазмот во таа смисла станал непотребен. Поради тоа и клиторисот еволуциски исчезнал од вагината, што ја отежнува стимулацијата во текот на сексуалниот чин.

    „Тоа објаснува зошто некои жени можат да постигнат оргазам само со мастурбирање или стимулација на клиторисот“, наведуваат научниците.

    „Женскиот оргазам е еволуциска трага, како слепото црево. Денес изгледа дека нема намена, освен психолошкото, емотивно поврзување на партнерите. Но тоа не ја намалува неговата вредност. Вредноста на нешто за што човековиот организам е способен не мора да биде функционална“, појаснува Вагнер.

    Женскиот оргазам можеби ја загубил својата биолошка функција, но нема да исчезне. Тоа е затоа што пенисот и клиторисот настануваат од истиот дел на ембрионот. „Кога со еволуцијата би исчезнал клиторисот, би исчезнал и пенисот“, вели Вагнер, а тоа, секако, би било закана за опстанокот на човековиот вид.

    Мажите поради таа причина имаа брадавици, тие се заостаток од претходниот степен на развојот на ембрионот и немаат никаква функција, освен зголемување на сексуалното уживање. Меѓутоа, бидејќи за жените се неопходни, затоа остануваат дел и од машката анатомија.

    Заклучокот на научниците се состои во тоа што велат дека женскиот оргазам можеби повеќе не е неопходен за репродукцијата, но и натаму е клучен дел од сексуалниот чин, бидејќи жените се чувствуваат подобро и ја јакне врската меѓу партнерите, „Животот во својата целокупност е многу посложен отколку што ние тоа го признаваме“, објаснува Вагнер.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.