Македонскиот каратист, Дејан Недев, од 8 до 10 декември 2017 учествуваше на ЈКА карате семинар во Париз, Франција предводен од сенсеи Татсуја Нака, 7 дан.

Недев, на крај од семинарот, во знак на благодарност на сенсеи Нака му подари примерок од монографијата „50 години карате во РМ“.

На семинарот учествуваа над 300 каратисти од повеќе држави, а Македонија беше претставена од Дејан Недев и Емилија Јанчевска.