Како и секоја зависност, така и со пушењето не е лесно да се престане. За жал, кај многу луѓе мотивацијата од типот „за подобро здравје“ не влијае премногу.

Сепак, доколку престанете со пушење се зголемува капацитетот на белите дробови, кожата добива сосема нова боја, се менува плодноста кај жените и се продобрува сексуалниот живот.

Во продолжение, следат неколку интересни описи за тоа како реагира телото при престанок со пушење.

По само 12 часа, телото се чисти од јаглерод моноксид и се враќа во нормала, а нивото на кислород се зголемува.

Веќе по 24 часа, ризикот од срцев удар е намален, како и крвниот притисок. По два дена, поранешните пушачи веќе чувствуваат нови мириси и вкусови, бидејќи пушењето им штети на нервните завршетоци кои се одговорни за мирис и вкус.

Повлекувањето на никотин од организмот започнува по три дена, кога телото почнува да реагира. Се јавува многу силна главоболка и неверојатна потреба за цигара. Во тие моменти, од суштинско значење е да одолеете со моќта на вашиот ум и да продолжите понатаму. По еден месец непуштање се подобрува функцијата и капацитетот на белите дробови, а кардиоваскуларните вежби како што е трчањето, стануваат полесни.

Девет месеци по откажувањето од пушење, белите дробови се делумно заздравени, а прв знак за тоа се ретките заболувања од бронхитис што сте го имале претходно. Десет години по прекинот на пушењето, можноста за рак на белите дробови е двојно намалена, но исто така и ризикот од рак на уста и грло.

Дури по 20 години ризикот од рак на белите дробови е на исто ниво како кај некој што никогаш не пушел.