Овен

Овните многу се возбудуваат кога ќе пронајдат некој кој ги дели нивните интереси. Тие формираат цврсти врски со таквите луѓе и подготвени се да направат сѐ за да го зачуваат хармоничниот однос. Но, припадниците на овој знак знаат да бидат импулсивни кога не се задоволни. Тие нема да дозволат некој да си игра со нивните чувства. Понекогаш се агресивни и не внимаваат на нивните зборови и постапки. Немојте да ја потценувате способноста на Овните да ја истурат нивната лутина на вас и на сите што ќе им се најдат во близина.

Рак

Раковите покажуваат големо сочувство кон нивните пријатели и партнери. Тие секогаш ќе можат да ве разберат и да ви го дадат вистинскиот совет. Но, Раковите се познати и по нивното променливо расположение што може да ги наруши нивните односи со луѓето. Понекогаш работите ги сфаќаат премногу лично. Ако дојде до тоа, треба да им дадете до знаење дека се грижите за нив и не им мислите ништо лошо.

Девица

Девиците најчесто не ги покажуваат нивните емоции. Тие успеваат да го задржат смирениот израз на лицето дури и кога вријат однатре. Со оглед на тоа што припадниците на овој знак се многу самокритични, тие стануваат чувствителни кога работите не одат по планот. Се грижат за ситници и тоа може да доведе до длабока тага. Девиците многу се трудат околу луѓето што им значат и затоа кога ќе дојде до нарушување на некој однос, тие се распаѓаат на милион парчиња. Тие никогаш не бараат помош, бидејќи најчесто самите знаат што е најдобро за нив. Токму затоа потребно им е да поминуваат време сами.

Скорпија

Нема пострастен знак од Скорпијата. Тие никогаш не ги потиснуваат нивните емоции, без разлика дали се позитивни или негативни. Доколку Скорпијата е тажна, веднаш ќе можете да го забележите тоа. Понекогаш родените во овој знак можат да станат насилни кога се чувствителни. Бидете внимателни ако дојде до таква ситуација, бидејќи Скорпиите не внимаваат на нивните зборови и постапки. Во таков случај, најдобро е да ги оставите сами и да им дозволите тие да ви се приближат кога ќе им помине лутината.

Стрелец

Стрелецот е голем оптимист и за него чашата е секогаш полу-полна. Стрелците се многу енергични и нивниот позитивен начин на размислување е заразен. Меѓутоа, тие имаат проблем ако не му се допаѓаат некому. Тие сакаат на сите да им се допаднат и затоа многу често го менуваат нивното однесување според потребите на другите. Ако и покрај тоа не успеат да придобијат нечии симпатии, Стрелците им дозволуваат на негативните емоции да завладеат со нив и стануваат некултурни и нетактични. Кога припадниците на овој знак се вознемирени или лути, знаат да бидат малку бесчувствителни. Расположението може да им се смени драматично и таа промена трае додека не им помине лутината. Кога Стрелецот се чувствува така, најдобро е да се обидете да го расположите со нештата што му се омилени.

Риби

Рибите имаат многу силна интуиција и секогаш знаат да ви го кажат она што сакате да го слушнете. Многу се трудат за да ги задржат хармоничните односи со луѓето и го очекуваат истото за возврат. За жал, поради нивната преголема доверба најчесто завршуваат повредени. Кога ќе сфатат дека некој не го заслужува нивното внимание, тие почнуваат да се сомневаат во нивниот карактер. Но, никогаш не ги потиснуваат чувствата. Ако припадниците на овој знак се чувствуваат повредено, ќе ви дадат до знаење дека се тажни, дури и ќе изигруваат жртви за да сфатите колку се вознемирени. Само со помош на искрен и отворен разговор ќе можете повторно да ја придобиете довербата на Рибите.