ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Како треба да реагирате кога луѓето ќе ви упатат грди зборови? Оваа кратка поучна приказна ќе ви даде вредна лекција

Како треба да реагирате кога луѓето ќе ви упатат грди зборови?

Оваа кратка поучна приказна ќе ви даде вредна лекција. Некогаш порано во некој далечен град живеел еден мудрец кој често седел на улица и го набљудувал светот како поминува пред него.

Тогаш поминал еден човек и почнал да го навредува мудрецот. Ти си безбожник! Ти си пијаница и крадец кој ги лажи луѓето – викал човекот. Мудрецот на тоа само се насмееал, без да проговори ни збор.

Целата сцена ја гледал еден господин од спротива и откако човекот заминал, господинот му се приближил на мудрецот и го прашал: Како можеш да го трпиш ова? Зар вас не ве болеа тие зборови? Зошто не му кажавте нешто на тој дрзок човек?

Мудрецот само се насмевна и го повика господинот да појде со него до неговата куќа. Кога стигнаа, господинот забележал дека мудрецот живее во мала куќарка. Заедно влегоа внатре.

Сакам да ти поклонам нешто – рече мудрецот и од ормарот извади валкан и стар капут и го заболи господинот да го проба. Господинот секако го пробал и со гадење погледнал во огледалото.

Потоа одма го соблекол капутот и го фрлил на подот. Ете гледате вие не сакате валкани крпи (алишта стари). Ни мене не ми се потребни не убави зборови кој тој човек ми ги кажа. Затоа и јас едноставно ги фрлив – заклучи мудрецот.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.