6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Каде завршуваат паричките кои посетителите на Рим ги фрлаат во Фонтана ди Треви?

    Фонтана ди Треви во Рим е обележје со долга традиција и едно популарно верување поврзано со него – ако застанете со грб свртени кон фонтаната и во водата фрлите паричка преку вашето лево рамо, тогаш гарантирано ќе се вратите во Рим.

    Секој ден, членови на италијанската католичка хуманитарна организација „Каритас“ по еден час ја „чистат“ фонтаната и собраните пари им ги испраќаат на ранливите и загрозени семејства. Благодарение на тие пари, во 2008 година дури бил отворен и супермаркет со ниски цени на производите, наменети за сиромашни, пишува „Тајм“.

    И додека Фонтана ди Треви треба да се „чисти“ секојдневно, на други познати фонтани добивката се собира на неколку месеци.

    Така, во езерцето на хотелот и казино „Белажио“ во Лас Вегас годишно завршуваат 12 000 долари, а има и посебен систем за чистење – тоа се прави со голема смукалка која отстранува сè од дното.

    И во фонтаната на трговскиот центар во Минесота вообичаено е да се фрлат парички, па во водата месечно завршуваат околу 2 000 долари, а сумата исто така се донира во хуманитарни цели.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.