Најдобриот начин за превенција на здравјето на црниот дроб е неговото секојдневно чистење, бидејќи здравиот црн дроб гарантира виталност, енергија, добар изглед и добро расположение.

Црниот дроб во нашиот организам има улога на фабрика за крв. Тој учествува во процесот на обновување на крвта. Исто така помага во зајакнување и стимулација на варењето во организмот. Врши уште една важна функција: ја чисти крвта и ги елиминира токсините од неа.

Најдобриот начин за превенција на здравјето на црниот дроб е неговото секојдневно чистење – секое утро на празен стомак, пијте по една лажица маслиново масло измешано со една лажица сок од лимон. Потоа можете да уживате во појадокот.

По еден месец ќе почувствувате промена. Вашиот изглед ќе се подобри, темните кругови под очите ќе исчезнат, тенот ќе ви стане свеж и ќе изгледате подмладени. Цревата ќе работат како часовник, ќе заборавите на запекот и дигестивните проблеми. Ќе се чувствувате здраво и со многу позитивна енергија.