6 C
Skopje
петок, април 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Д-р Несторовиќ ова го конзумира 20 години: Со зелка и коприва излечете чир на желудник и хеликобактер

    Доктор Бранимир Несторовиќ сподели еден рецепт кој на многумина може да им помогне. Имено, како што напомена, овој рецепт го користи веќе 20 години и тврди дека дава одлични резултати.

    Станува збор за природен лек за чир на желудник: „Исечкајте зелка, прелијте ја со вода, нека биде половина зелка, половина вода и нека отстои два дена во фрижидер. После тоа пијте по една чаша наутро и навечер во текот на две седмици континуирано.

    Како што објасни докторот, зелката има одредени материи кои ја обновуваат слузокожата на желудникот. Во комбинација со сладок корен делува и врз хеликобактеријата и тоа на оние резистентни облици – објасни д-р Несторовиќ.

    Докторот спомена дека најдобар лек за алергија на амброзија е копривата, но да не се вари како чај. Најдобро е листовите од копривата да се сомелат со мед.

    Може да се чува копривата во замрзнувач две седмици, па потоа таа самата се претвора во прав. Чајот не е добар, бидејќи со варењето се убиваат доста лековити состојки во копривата – објаснува д-р Несторовиќ.

    Рецепт за вода од зелка Зелката е една од суперхраните кои ние често ги занемаруваме. Бидејќи содржи есенцијални нутриенти неопходни за правилно функционирање, на организмот му овозможува да се обнови и прочисти од штетните материи.

    Еве за што сè може да помогне водата од зелка:

    • му обезбедува на организмот аминокиселини за подобра дигестија;
    • содржи витамини А, Б1, Б6, Ц, Е и фолна киселина;
    • содржи железо, калциум, калиум, јод, фосфор и сулфур;
    • лекува чиреви и други проблеми со дигестивниот систем;
    • врши детокс и прочистување на цревата;
    • помага во слабеење;
    • може да помогне во прочистување после труење со алкохол.

    Важно: Написот е информативен и информациите дадени во него не можат да ја заменат консултацијата со лекар, како и да се користат за само-лекување! Секогаш консултирајте се со лекар доколку имате конкретни поплаки и строго следете го пропишаниот третман и неговите препораки!

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.