Една нова шведска студија покажува дека децата на жени кои биле подложени на операција на желудникот против дебелина имаат помала телесна тежина и почесто се раѓаат предвремено, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

– Мајките кои направиле таква операција треба да се категоризираат како ризична група во рамки на здравствениот систем, вели еден од шведските истржувачи кои работеле на студијата, Улоф Стефансон.
Со студијата биле опфатени 2.500 жени по операција на желудникот, кои биле споредувани со други 12.500 жени кои немале таков вид хируршки зафат.

Од децата на контролната група 7,3 отсто биле големи при раѓањето, додека соодветната бројка за децата на оперираните жени против дебелина била 4,2. Уште еден податок од значење е дека 9,7 проценти биле родени предвремено, споредено со 6,1 процент во групата мајки кои не биле оперирани, пишува шведскиот весник „Свенска дагбладет“.