Јазикот е најсилен орган во човечкото тело кој ја припремува храната за џвакање. За него во кинеската медицина велат дека е „ здравствен картон“, бидејќи на него е испишана состојбата на нашиот организам.

1. Нормален јазик – има убава розова боја, со јасен слој кој покажува правилно лачење на жлездите.

2. Тенок, бел површински слој, има црвени точки – овој јазик кажува дека  има недостаток на витална енергија во телото, која предизвикува умор, лош апетит и претерано потење. Сево ова се манифестира и на расположението, па таквите особи се многу нервозни и имаат големи грижи.

3. Тенок, жолт слој на средината, заокружен со црвен остаток од јазикот– таков јазик покажува дека имате проблеми со запек, дехидрирани сте и имате кожни проблеми. Сето тоа се манифестира на расположението, па сите тие особи со таков јазик имаат променливо расположение.

4. Масен бел слој, отечени рабови на јазикот – овој изглед на јазикот упатува на неуравнотежена работа на пробавниот состав и склоност кон собирање на вода во организмот. Особи со ваква состојба се осеќаат малаксано и безволно.

5. Црни точки на лила јазик – упатува на застој на крвта во некои делови на телото, која може да предизвика проблеми со вените, тешки нозе, главоболки и кожа без сјај.

6. Тенок бел слој и црвен врв на јазикот– оваа состојба на јазикот покажува дека организмот е изложен на стрес, кој предизвикува нестабилна емоционална состојба. Енергијата во телото се собира во чворови, кои предизвикуваат воспалителни процеси.

7. Црвен јазик со жолти дебели наслаги по средината на јазикот– покажува на висока температура во телото, која укажува на инфекции на мокрачните патишта и проблеми со кожата чија површина е леплива. Особи кои ги имаат овие проблеми, често се лутат и не се осеќаат удобно во своето тело.

8. Густ бел слој на средината на јазикот и блед и отечен јазик– изглед кој упатува на инфекции или на воспалување од некоја аутоимуна болест, недостаток на витамини и минерали. Таквите особи се со блед тен, имаат болка во кичмата и чувство кој често се граничи со паника.

9. Пукнатини на црвената површина на јазикот – упатува на габични инфекции кои ги прати ноќно потење, несоница и иритација.

10. Јазикот чија површина е бледа и без наслаги- покажува намален проток на крвта во телото, анемија која може да предизвика вртоглавица, замор, а особи со овие недостатоци страдаат од недостаток на концентрација и меморија.