6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Во Македонија околу 13.9 отсто од населението е со хронично бубрежно оштетување

    Центарот за дијализа „Диамед Македонија“ денеска го одбележа својот 4. роденден со организација на стручна конференција по повод Светскиот ден на бубрегот. Годинава овој ден се совпадна со Светскиот ден на жената – 8 Март и поради тоа конференцијата е насловена како „Бубрезите и здравјето на жените“.

    Според Менче Неделкоска, доктор во Центарот за дијализа „Диамед Македонија“, повеќете луѓе со хронична бубрежна болест немаат симптоми бидејќи телото може да толерира значително намалување на бубрежната функција. „Присуството на ХББ може да остане недијагностицирано долго време. Единствен начин е да се направи процена на ГФР на бубрезите и тест на урината за присуство на албумин со што се проценува оштетувањето на бубрезите. Некои симптоми за бубрежно заболување кај жените се зголемен замор, недостиг на концентрација, слаб апетит, несоница, ноќни грчеви во мускули, отоци околу очите и нозете, сува кожа, чешање и често мокрење“, вели Неделкоска.

    Хронично бубрежната болест е светски проблем со несакан резултат и предвремена смрт. Зафаќа околу 195 милиони жени и е 8. водечка причина за смрт кај жените, со приближно 600.000 смртни случаи годишно. Ризикот за развој е подеднаков висок кај мажите и кај жените. Според некои студии, ХББ поверојатно е да се развие кај жените отколку кај мажите со просечна преваленца од 14 отсто кај жените и 12 отсто кај мажите.

    Според доктор Оливера Стојчева од Универзитетската клиника за нефрологија, меѓу 11 и 16 отсто од луѓето во светот имаат хронична бубрежна болест, која е подмолна и болните не се свесни за болеста. Во Македонија студијата покажа дека околу 13.9 отсто од населението има хронично бубрежно оштетување. Со тек на време, по неколку години дури и декади, болеста прогредира до терминална фаза. „Постојат едноставни рутински тестови за навремено детектирање на болестите. Се мери креатининот во крвта, се калкулира бубрежната функција и се мери излачувањето на албумин. Треба примарно да дејстувуваме и да не дозволиме да дојде до хронично оштетување. Доколку дојде до оштетување, тогаш да влијаеме на факторите“, вели Стојчева.

    Таа препорачува редовно вежбање, неупотребување аналгетици без рецепт, контролирање на тежината, правење прегледи еднаш годишно, консумирање здрава храна, запознавање на медицинската историја на семејството, мерење на крвниот притисок и холестерол, научете повеќе за бубрежните болести, не пушете, не земајте прекумерно алкохол и направете лекарски преглед доколку сте со ризик за хронично бубрежни болести.

    За директорот на „Диамед Македонија“, Вера Иванова, изминатите четири години биле сериозен предизвик да се подобри стандардот и условите за лекување на пациентите со бубрежни заболувања. „Како здравствена установа, напорно работиме да воспоставиме одлични услови за лекување на пациентите со бубрежни болести. Навистина, се трудиме да им го олесниме лекувањето на самите пациенти, но и да им помогнеме на семејствата кои имаат вакви пациенти. Вложуваме напори да го подобриме квалитетот на живот на болните со современа медицинска и лекарска грижа и терапија, индивидуално водење и следење на секој пациент. Оваа година нашиот фокус е на жените во согласност со Светскиот ден на бубрегот и Меѓународното здружение на нефролози. Сепак, сите заедно правиме разлика“, вели Вера Иванова од Центарот за дијализа „Диамед Македонија“.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.