6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    (Видео) Летечки автомобил за кој не ви треба дозвола

    Ко-основачот на компанијата „Гугл“, Лари Пејџ, неодамна го претстави своето ново летало наречено „Флаер“. Станува збор за едносед со електричен погон, за чие управување не е потребно да имате пилотска лиценца.

    „Флаер“ е конструиран од страна на калифорниската компанија „Кити Хoк“, во која Пејџ е еден од инвеститорите.

    Леталото личи на голем дрон. Тешко е 113 килограми, а за одржување во воздух користи 10 пропелери напојувани од батерии, пишува „Блумберг“.

    „Лесно е да се лета како играње на видеоигра“, изјави извршниот директор на компанијата, Себастијан Трун.

    Од безбедносни причини, тестирањето на „Флаер“ се врши исклучиво над водени површини. Може да лета на висина до три метри, а максималната брзина во оваа експериментална фаза е нешто помала од 30 километри на час.

    „Флаер“ се управува со помош на џојстик. Се напојува со литиумски полимерни батерии, кои можат да издржат до 20 минути летање пред повторно да треба да се поврзат со полнач.

    Трун, кој има работено на развој на автономните автомобили од „Гугл“, развива многу амбициозни планови за „Флаер“. Тој се надева дека „летачкиот автомобил“ еден ден ќе може да лета со брзина од 160 километри на час, на повисоки надморски височини и над населени места.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.