Повеќе од 20.000 луѓе се собраа вчера на традиционалниот „Лет на агелот“ со кој официјално се означува почетокот на карневалот во Венеција.
Посетителите набљудуваа како 19-годишната Елиса Костантини се спушта на жица од кулата на плоштадот Свети Марко, висока 99 метри. Станува збор за традиционален спуст кој се изведува од 16 век. Во позадина свирела „Аве Марија“ од Франц Шуберт, а во изведба на Лучијано Павароти и неодамна починатата пејачка од „Кренберис“ Долорес О’Риордан.
Костантини била облечена во црно-бело-црвен фустан. Нејзините крилја во бела, сина и црвена боја го симболизира мирот.
Светски познатиот карневал во Венеција се одржува од крајот на јанури до 14 февруари под мотото „Циркус“.





