Јусеин Болт не успеа со златен медал да се прости од атлетиката. Најбрзиот човек во светот ја загуби финалната трка од 35-годишниот Џастин Гетлин. Во својот последен настап на трката на 100 метри Болт го освои бронзениот медал. Второто место му проладна на Кристијан Колеман.

Лошиот стар беше пресуден за конечниот резултат кој Болто го оствари во финалето на 100 метри. Во текот на трката тој успеа да ги стигне ривалите, но немаше сила во фото-финишот да го престигне Американците.

Гетлин, човекот кој не е премногу омилен во светот на атлетиката, го освои златниот медал со време 9,92 секунди.

35-годишниот Американец го освои својот втор златен медал на атлетиските Мундијали, прв по Хелсинки во 2005 година. По СП во Хелсинки, Гетлин два пати беше суспендиран поради допинг.

Неговиот сонардоник, 21-годишниот Колеман, го победи Болт во полуфиналето, а од легендата беше побрз и во финалето за една стотинка. Колеман имаше време 9,94 секунди, а Болт 9,95.