Акните не се ништо необично на било кој дел од телото, но ако се појават на грбот можат да бидат долгорочен проблем.

За среќа, дерматолозите ја открија најчестата грешка која го предизвикува овој проблем.

Како што наведуваат, неправилниот редослед при бањањето и туширањето може да предизвика акни на грбот.
Поточно, ако прво ја миете косата, па додека имате регенератор на неа го миете телото, и вие ја правите грешката.

Косата треба прво добро да ја измиете и да нанесете регенератор. Потоа да ја соберете со штипка. Потоа темелно измијте го телото. Откако ќе ја исплакнете косата, не заборавајте уште еднаш да нанесете гел.

Средствата за коса кои доаѓаат во допир со кожата може да ви наштетат на порите. Затоа од клучно значење е регенераторот или маската да не остане на кожата на грбот.