6 C
Skopje
четврток, март 20, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Јапонците истражуваат дали пивото има антивирусни својства

Една состојка на пивото може да штити од настинка, па и некои посериозни детски заболувања, утврдија јапонските експерти од Универзитетот во Сапоро, во истражувањето кое го финансираше пиварницата „Сапоро бруериз“.

Утврдено е дека хемиското соединување од хмељ, под име хумолон, кои пиварниците го користат за пивото да добие горчликав вкус, претставува ефикасна одбрана против РС вирусот, кој може да предизвика сериозна форма на воспаление на белите дробови и бронхитис кај најмладите и симтоми на настинка кај возрасните.

Против РС вирусот засега нема ефикасна вакцина, но проблемот со хумолонот е во тоа што за негово ефикасно делување би било потребно околу 30 лименки од по 350 милилитри.

Јапонските експерти затоа ја разгледуваат исплатливоста на внесување дозирани количини на хумолон во храната и безалкохолните напивки, со тоа што предизвик би претставувало неутрализирање на неговиот посебно горчлив вкус.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.