Една свекрва за да го поправи нејзиниот однос со снаата одлучила да направи попис на работи кои треба таа да ги почитува но за нив да не дознае нејзиниот син.
Не ми кажувај дека секогаш сум добродојдена
Ако не го мислиш тоа, не го ни кажувај. Никогаш не сум мислела дека морам да договарам состанок за да ги видам своите деца и внуци, но ако поради тоа нашиот однос ќе биде подобрен, тогаш тоа и ќе го правам. Сфаќам дека сосема е непристојно неповикан да се појавиш кај некого на врата, но од некоја причина вие никогаш не се јавувате на телефон.
Одговори на проклетиот повик
Јас не сум некоја која се обидува да ти продаде нов тепих или нова телефонска претплата. Јас сум мајка на твојот сопруг, баба на твоите деца и би можела да ми покажеш почит со тоа што ќе ми одговориш на повикот и ќе ми кажеш: „Извини, имам многу работа, не можам баш сега да разговарам.“
Иако ги обожавам своите внуци, јас не сум бесплатна дадилка
Спротивно од вашите мислења, јас имам свој живот. Ако сакате да ги чувам вашите деца, а верувам дека ептен го сакате тоа, прво морате да ме известите, за да си го планирам времето. Ако очекувате да го почитувам вашето време и простор, тогаш и јас го очекувам истото од вас. Ветувам дека ќе одговорам на повикот кога ќе ми се јавите.
Однесувај се како возрасна личност, немој да ме озборуваш зад грб
Сигурна сум дека моето дете не сака да биде ставено меѓу два огна, а не би сакала ни ти, па ако имаш некој проблем со мене, биди возрасна личност и дојди да разговараме
Пасивно-агресивното однесување е агресивно, а и непристојно
Не ми кажувај колку ми е убава куќата, а потоа да дадеш некој коментар од типот на тоа дека би сакале да имате повеќе време за уживање со своите деца наместо да чистите. Имате мали деца. Јас немам, моите си ги направив. Тоа е многу едноставен концепт. Мојата чиста куќа не е удар врз твоите вештини во домаќинството.
Како ги трошам моите пари е моја и само моја работа
Ако сакам да им купам подароци на внуците тоа е затоа што ги сакам и имам можност да го направам тоа.
Сакам мојот син да има среќен брак, но треба да знаеш дека јас сум мајка
Секогаш ќе бидам мајка. Ако поради некаква причина вие двајца се разделите, јас сѐ уште ќе бидам тука за да ги соберам скршените делови. Вашите деца ќе пораснат и тогаш ќе го сфатиш ова.
Знаеш дека јас го создадов човекот за кој си донела одлука да го земеш за маж
Можеби не ги разбирам трендовите во родителството и психолошките истражување, но според твојата одлука очигледно е дека сум направила нешто добро. Не мора да го осудуваш секој збор кој ќе го кажам и прости ми што некогаш знам да претерам со некој непосакуван совет, но имам големо искуство. Сигурно сум направила и добри работи. Можеби би можела понекогаш и да ме послушаш.
Спротивно на она што го мислиш, јас навистина не се обидувам да те контролирам или осудувам
Ок, можеби малку осудувам. Не можам да си помогнам. Но, се трудам да не го правам тоа. Само сакам син ми да биде среќен и да има добар живот, а тоа го сакам и за своите внуци. Мојот син е твој сопруг, но сѐ уште е син, брат, вујко, внук и татко – сѐ во едно. Мораш да го делиш, ти се допаѓало тоа или не. Би можела да имаш малку повеќе разбирање. Јас морав да имам.